Македонија
19. јуни 2020 - 16:52

Од идниот месец Прилеп за прв пат ќе добие нов Ургентен центар

Од идниот месец Прилеп за прв пат ќе добие Ургентен центар кој ќе биде отворен во општата болница „Борка Талески“. Тука ќе се третираат итните пациенти кои потоа ќе бидат препраќани во одделнијата каде имаат потреба. Во Центарот ќе работи тим од 12 специјалисти и 12 мединцински сестри.

„Во Центарот ќе има амбуланта за преглед на пациенти, просторија за реанимација, за згрижување на рани, како и просторија за давање на терапија, односно дневна болница со 6 кревети, како и сите потребни апарати опрема за неопходни за првата ургентна интервенција“, истакна премиерот Оливер Спасовски.

Владината делгација денескак во Прилеп го псоети и комплетно реновираното гинеколошко и акушерско одделение, како и новиот рентген апарат. Отворањето на Ургентниот центар ќе бил од огромно значење за пациентите од целиот регион.

„И веднаш тука е ии рентген одделението каде што за кратко време се прави дијагностика, што значи пациентот за рекордно кратко време добива соодветна здравствена услуга, се прави триажа и понатаму се распределува на некое од другите соодветнии одделениија“, кажа министерот за здравство Венко Филипче.

Денеска се презентираше и донираната опрема за прилепската болница од турскиот бизнисмен Насер Алим со македонско потекло вредна 50-тина илјади евра.