Живот
24. January 2018 - 21:04

Од идила до хорор: Сакала со селфи да го овековечи одморот, а сликна трагедија што вечно ќе ја памти

Туристка од Русија уживаше во капењето но не навестуваше дека на неколку метри од неа се одвива вистински хорор.

На еден од најегзотичните места во светот кое стана едно од главните одморалишта за туристи, водопадите Макензи во Австралија, Анека Бадинг сакала да го овековечи моментот на идила не насетувајчи дека токму тој момент ќе ја прогонува цел живот.

Насмевката и уживањето набрзо беа заменети со панија бидејќи Анека по селфито во позадина забележа општ метеж.

-Слушнав вресок. Кога се завртев, по движењето на момчињата од карпата, помислив дека има некое опасно животно во водата. Тогаш некоја девојка ми го зеде селфи стапот од рака за да му помогне на несреќното момче што се давеше во вода, рече таа.

Се утврди дека еден млад Тајванец (28) се лизнал од карпата и паднал во вода. Притисокот бил премногу силен за да изнурка и да излезе на површината.

-Се обидовме да повикаме полиција, спасувачки служби, но немаше врска, додаде Анека.

И покрај надчовечките напори на сите околу неа, туристката неколку секунди подоцна стана свесна дека покрај својот најубав момент во вода овековечи и хорор сцена.

На момчето му немаше спас, а младата туристка се согласи својата слика да ја даде во локалната полиција.

-Рековме во полиција дека мора задолжително да се воведе сателитски сигнал и во овие делови од водопадот за да не се повторат слични сцени, огорчено констатираше Анека Бадинг.