Македонија
18. јуни 2017 - 13:53

Од граница испратен во затвор, тетовец фатен во обид за бегство од државава

Вчера во 10.15 часот во ПС за Граничен премин „Јажинце“, при пасошка контрола, било констатирано дека лицето A.Љ. (56) од с.Мала Речица, тетовско, се наоѓа на стоп листата со мерка „Лиши од слобода“ по барање на СВР Тетово за сторено кривично дело по чл.156 ст.3 од Кривичниот Законик на Република Македонија од 01.06.2017 година.
 
Во 11.25 часот лицето е предадено на полициски службеници од СВР Тетово за спроведување до затвор Тетово.