Македонија
21. October 2017 - 19:21

Од Гази Баба стигна пораката дека ќе има нов културен дом

 Кандидатот за градоначалник на општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ Тони Трајковски им вети на жителите од Стајковци, Инџиково и околните населби враќање на парите кои ги дале за изградба на фекална канализација.

- Ова го темелиме врз основа на тоа што направивме финансиска анализа за нашите можности за следните четири години и врз основа на фактот дека Советот на општина Гази Баба ќе биде предводен од ВМРО-ДПМНЕ и и коалицијата, рече Трајановски. 

Тој најави дека продолжува изградбата на фекалните канализации во Јурумлери, Трубарево, Гоце Делчев, Колонија, Ергеле, Дрма, Црешево, Смилковци, Виниче, Страчинци, Булачани и Раштак.

Кандидатот за градоначалник на Бутел од ВМРО-ДПМНЕ Дарко Костовски денеска изјави дека доколку граѓаните гласаат за него во вториот круг од изборите ќе гласаат за над 80 реални проекти што ќе го изменат животот во Бутел.

- Гласајќи за бројот 13 гласате за нова модерна патека над Љубанци која ќе биде планинска пешачка патека која ќе може да се користи и за рекреирање и за спортување. Гласајќи за бројот 13 гласате за над 80 проекти кои што пред се реални проекти и ќе го изменат животот во Бутел. На 29 октомври повторно имате шанса да одлучите директно за иднината на вашите деца дали ќе живеат во несигурна и нестабилна општина или пак сакате да живеат во просперитетна и сигурна општина Бутел, истакна Костовски.