Свет
9. May 2017 - 11:13

Од експлозијата во рудникот за јаглен во Иран досега загинаа 42 лица

Во рудникот за јаглен во Иран, во кој минатата недела дојде до експлозија, пронајдени се уште седум тела, со што бројот на жртвите во овој инцидент нарасна на 42, јави денеска иранската државна телевизија.

Официјален претставник на иранската Влада во провинцијата Голестан, Реза Моровати, денеска изјави дека форензичарите сега треба да ги идентификуваат пронајдените тела, пренесуваат американските медиуми.

Моровати напомена дека постои можност еден рудар да останал заглавен внатре во рудникот.

Експлозијата во рудникот Земестанјурт, во кој се вработени повеќе од 500 работници, изби минатата среда поради ослободување на метан.