Loading Video...
Фудбал
3. March 2020 - 15:00

Од денеска во продажба картите за мечот Македонија – Косово

Фудбалската Федерација на македонија (ФФМ) денеска ги пушти во продажба картите за мечот Македонија – Косово
 
По сума од 300 и 400 денари љубителите на фудбалот од денеска ќе можат да купат влезници за дуелот Македонија - Косово од плејоф фазата за пласман на Европското првенство 2020.
 
Влезниците за натпреварот за натпреварот кој ќе се игра на Националната арена „Тодор Проески“  ќе може да се набават преку продажната мрежа на MKTickets, како и на билетарницата на Национална арена, секој ден од 10 до 18 часот. 
 
Од ФФМ информираат дека, едно лице може да купи само еден билет со приложување на документ за идентификација по што истите ќе бидат персонализирани, а воедно на денот на натпреварот покрај влезницата секој со себе треба да носат документ за лична идентификација. 
 
Само на тој начин ќе може да се следи натпреварот меѓу Македонија и Косово кој ќе се игра на 26 март.