Бизнис
1. January 2019 - 19:09

Од денеска во Македонија се плаќа повисок данок на доход

Од денеска добивките од игри на среќа државата ги даночи по 15%, наместо досегашните 10%. Ова е една од промените што стартуваат со новата година. Се однесува на доход од интелектуална сопственост, закуп и подзакуп, капитал, капитални добивки, игри на среќа и осигурување. На пример, при уплата во обложувалница, денеска на потенцијалната добивка на тикетите данокот се пресметува според новата даночна стапка. Граѓаните се со поделени мислења. Дел од нив не се задоволни со ваквата одлука на власта. Други, пак, сметаат дека игрите на среќа дури и не треба да постојат.

Државава од денеска применува прогресивен данок, после 11 години примена на рамниот данок. Владата смета дека прогресивното даночење ќе придонесе за поголема социјална еднаквост, бидејќи тие што имаат повеќе, ќе плаќаат поголем данок. Граѓаните што имаат месечни примања до 90.000 денари ќе плаќаат 10% данок, како и досега. Секој денар над тој износ ќе се даночи со 18%. Очекувањата се дека прогресивното даночење ќе го почувствува само мал дел, околу 1% од населението, а во буџетот ќе се соберат дополнителни 25 милиони евра.