Од денеска почнува проектот Скопје 24 часа во служба на граѓаните
Град Скопје од денеска ја става во функција електронската адреса за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk како чекор кон транспарентно управување за Скопје 24 часа во служба на граѓаните. Од Град Скопје информираат дека на оваа електронска адреса граѓаните ќе можат да пријавуваат проблеми, а градската администрација ќе биде задолжена да одговори на барањата на граѓаните.
– Во моментов се вршат последните подготовки за ставање во функција и на Канцеларија за комуникација со граѓаните која ќе биде отворена 24 часа за нивните потреби, а целиот процес ќе се одвива етапно во следните три недели, посочуваат од прес-службата на Град Скопје.
Оттаму додаваат дека Град Скопје ќе се трансформира во град со целосно дигитализирана администрација, а јавните услуги, како што велат, ќе бидат брзи, ефикасни и транспарентни
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи