Бизнис
1. January 2017 - 17:43

Од денеска нема блокирање на сметки од извршител!

Нема веќе блокада на сметка без опомена за долгот. Од денеска стапуваат на сила измените во законот за извршување, каде граѓаните прво ќе бидат известени дека имаат неплатени сметки за струја, вода,  парно,телефон, комуналии.

Ако платат во рок од 15 работни дена, ќе бидат ослободени од  високите трошоци  за нотари, адвокати, блокада и деблокада на сметка во банка.

- Со новите законски измени ќе бидат опфатени граѓаните кои имаат долгови за телефон, кабловска и одржување  на зграда  до 2,000 денари,  додека пак за струја, парно и  вода  до 6,000 денари, . на овој начин граќаните нема да плаќаат огромни суми, кои достигнуваат до 60 – 70% од вкупниот долг, изјави Гордан Станкович,. Комора на извршители

Од денеска граѓаните поевтино ќе се греат на пелети. Се намали ДДВ  то од 18 на 5%  како за купување на самите печки , така и за пелетите. На тој начин заштедите на едно домаќинство за една грејна сезона, каде во просек се трошат по 3 тона пелети,  би биле најмалку  5,000 денари

Македонците пак, кои ќе патуваат во Грција или Србија, од денеска  ќе плаќаат поскапи цигари.  Во Србија се зголеми акцизата  за 2,28 динари., или 1,14 денари. Што значи сега за една кутија цигари акцизата  ќе изнесува 32 денари. Крајот на јануари во Србија ќе се продаваат по повисока цена и  алкохолните пијалоци и горивата. Во Грција пак,  бензинот се точи по повисока цена за 3 евроценти за литар, дизелеот за 8, течниот гас за  10 евроценти. Се воведе и специјален данок  на потрошувачка на тутунските производи, така што цената за килограм тутун  ќе скокне за над 10 евра, од 2 до 3 евра по килограм поскапува и кафето.. Поради зголемениот данок поскапува и фикната телефонија и интернетот. Поради зголемениот данок на грчките острови, се очекува поскапување на сите  услугите и на островите.