Македонија
25. November 2017 - 17:38

Од денеска на Водно ќе се оди пеш за време на викендите

Од денеска стапи на сила  забраната за автомобили на Водно. И покрај бесплатниот автобуски превоз некои  граѓани  ја прекршија мерката и до средно водно дојдоа со автомобили. Скопскиот градоначалник вели целта е да се заштитат природните убавини на Водно, а забраната ќе важи за време на викендите и државните празници. Но изминативе неколку дена Скопје е многу загадено. Штетните честички се на алармантно ниво. Запрашан што конкретно ќе преземе за подобрување на амбиенталниот воздух, Шилегов рече дека се во план уште неколку мерки но идеално не може да биде.

Граѓаните задоволни, велат на Водно сега е помирно и почисто. Оваа мерка сметаат треба од време на време да се спроведе и во градското подрачје.

Забраната за возила на Водно ќе биде долгорочна мерка вели Шилегов. Додека трае, граѓаните ќе можат да користат бесплатен автобуски превоз а за таа цел се пуштени три линии на ЈСП. За возилата паркингот ќе биде бесплатен на катната гаража Македонска фаланга и кај Цветен Пазар. Оваа мерка ќе ја финансира градот.

Шилегов денеска на Средно Водно  постави детски едукативни објекти кои треба да придонесат како што вели за подигнување на еколошката свест  кај најмладите.