Македонија
21. January 2020 - 8:56

Од денеска автобусите на ЈСП ќе возат по вообичаениот зимски возен ред

Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) од денеска ќе сообраќаат по вообичаениот зимски возен ред кој досега беше редуциран поради зимскиот училишен распуст.

Од ЈСП посочуваат дека од денеска продолжува и важноста на ученичките бесплатни билети за користење на јавен превоз.