Од денес нема полициски час, прославите со неограничен број гости, а ќе се организираат и концерти и забави
Од денеска целосно се укина полицискиот час, угостителските објекти нема да имаат ограничување во работното време, свадбите ќе може да се организираат со повеќе од 100 гости, а дозволени се настани, концерти и забави во клубовите и локали само на отворено, со капацитет до максимум 50 отсто од објектот и не повеќе од 1000 лица. Ова се мерките што ги препорача Комисијата за заразни болести, а вчера на седница ги прифати Владата и стапија на сила од ноќеска на полноќ.
Една од препораките е и измена и дополна на Протоколот за организирање свадби, прослави и веселби.
Последната статистика од вчерашното деноноќие регистрира 29 нови случаи на Ковид 19 од направени 2887 тестирања, ниту едно починато лице. Оздравени се во тоа деноноќие 34 лица. Активни се 420 случаи.
Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.568, бројката на оздравени пациенти е 149.676, на починати е 5.472. Досега во земјата се направени вкупно 838.323 тестирања на Ковид-19.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на крајот од мај од Брисел најави дека се разгледува можноста за директна билатерална помош за соседните земји, а неколку дена подоцна министерот Филипче соопшти дека Македонија очекува 70.000 дози вакцини, од кои 50.000 од Бугарија и 20.000 од Грција. Портпаролката на грчката Влада, Аристотелиа Пелони на почетокот на месецов, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина на редовниот брифинг со новинарите, потврди дека Грција во координација со Европската комисија, ќе испрати по 20.000 дози од вакцините за Македонија и Албанија.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.