Македонија
16. October 2019 - 16:52

Од декември сите пациенти со цистична фиброза ќе добиваат третман на едно место

Од декември и деца и возрасни со ретката болест цистична фиброза ќе го добиваат медицинскиот третман на едно место. Центарот кој пред 3 години беше отворен во детската болница во Козле ќе биде проширен и опремен за комплетна нега на овие заболени. Нема повеќе да има реакции на пациенти дека талкаат низ клиниките со што се под ризик од инфекции и компликации по нивната здравствена состојба.

- Очекуваме да профункционира овој центар и да нема подвојување на пациентите. Тие досега талкаа бидејќи на некој начин не беше централизирано. Затоа направивме напори се да биде на едно место, вели др. Ангелчо Андоновски директор на Болница за белодробни заболувања кај деца Козле.

Од цистична фиброза во земјата има над 100 пациенти од кои половината се во Центарот во Козле. Каков третман добиваат и дали лекувањето е согласно протоколите оценка прават и странски експерти од оваа област кои една недела се во посета на болницата во Козле.

- Во Центарот имаме 50 пациенти со цистична фиброза. Имаме посета на експерти од Кембрич кои заедено со нас ги прегледуваме сите пациенти, ќе имаме и симпозиум каде ќе ги пренесат нивните искуства во лекувањето на ЦФ, вели др. Татјана Јаќовска, раководител на Центарот за цистична фиброза.

- Ќе размениме искуства, наидовме на добар прием, вели проф. Дона Мекшејн од универзитетот Кембриџ.

Лекарите велат дека на лицата со цистична фиброза им е досптапна неопходната терапија. Најстариот пациент со оваа болест во земјава е 40 години.