Македонија
31. October 2016 - 13:57

Од декември по 670 денари плус на сметките

Ноемвриската пензија која пензионерите ќе ја земат на почетокот на декември ќе биде зголемена за 5 проценти, согласно ветеното зголемување кое претходно го има дадено Владата, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски

- Пензионерите ќе добијат ново зголемување од 670 денари кое на годишно ниво е зголемување од околу 8000 денари. Досега со зголемувањата на пензиите просечната пензија е зголемена за 70, а минималната за 90 проценти, истакна Груевски.