Македонија
6. December 2019 - 18:23

Од црква украдени предмети и огревни дрва

На 05.12.2019 околу 07:30 часот во СВР Скопје, З.Б.(54) од с.Мирковци, скопско, пријавил дека во периодот помеѓу 03. и 05.12.2019 неколку лица извршиле кражба во црвката „Св.Меркуриј“ во с.Мирковци, при што одзеле предмети и огревни дрва.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.