Од болница во Париз украдени „одреден број заштитни одела“
Француските власти задолжени за управување со државните болници соопштија дека од заклучена просторија во една париска болница се украдени одреден број заштитни одела, слични на оние што ги носат луѓето кои работат со заболени од ебола.
Кражбата официјално била пријавена во четвртокот, истиот ден кога францускиот премиер Мануел Валс во Парламентот предупреди дека „постои опасност терористите да употребат хемиско и бактериолошко оружје“, пренесува Танјуг.
Од 13 ноември, кога во Париз беа изведени серијата терористички напади, во цела Франција се воведе вонредна состојба. Во нападите во Париз погинаа 130 лица.
Во соопштението на француската управа за државни болници се наведува дека „исчезнал еден број заштитни одела“, но не се потврдуваат информациите од медиумите дека се украдени десетина херметички заштитни одела, триесетина чифта специјални чизми отпорни на хемиски агенси, ракавици и анти-бактериски маски.
Ново на Сител
-
Поплави во Албанија, Мета бара итно ангажирање на сите структури
-
Сите вакцини се безбедни, не постои законска пречка за увоз на која било вакцина во земјава, вели Филипче
-
Тухел седна на клупата на Челзи
-
Почина Риалда Кадриќ позната по улогата како Марија во „Жикина династија“
-
Повикувањето за вакцинација ќе се одвива преку системот „Мој термин“, вели Филипче
-
Филипче: Во тек се преговори за набавка на 200 илјади вакцини од Кина
-
Одобрени 80 милиони денари за решавање на проблемите со Дојранското и Преспанското Езеро
-
Владата ја одобри годишната Програма за изградба и реконструкција на патишта