Балкан
2. March 2018 - 15:21

Од автомобилот не остана ништо: Страотна несреќа во Хрватска, тројца загинати на место

Според првичните информации кај Подравска Мославина се судриле минибус и автомобил. Загинаа двајца мажи и жена, а возачот на минибусот е полесно повреден. Во тек е полициски увид.

Во тешка сообраќајна несреќа денеска на патот Д-34 Подравска Мославина - Гезинци загинаа двајца мажи и жена.

Според првичните информации се судриле минбус и автомобил. Полицијата добила дојава за сообраќајка во 12.03 чсот и на терен се испратени возила на итната помош. Во автомобилот се пронајдени тројца мртви.

Во минибусот бил само возачот кој поминал со полесна повреда на раката.

Поради увидот затворен е дел од патот Д34.