Свет
3. December 2015 - 9:17

Од Австрија протерани околу 7.000 бегалци

Австрија од почетокот на годинава протерала околу 7.000 бегалци, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи во Виена.

Од вкупно 6.809 протерувања, 2.803 биле присилни. Според податоците на Министерството, 20 протерувања се спроведени со чартер летови, а пет со автобуси, помогнато од европската полиција Фронтекс.

Неодамна се вратени шест Пакистанци во нивната земја, а осуммина во Бугарија.

- Секој мора да знае дека доколку нема право кај нас да добие азил, ќе мора да ја напушти Австрија, а ако не сака доброволно тогаш ќе биде протеран, изјави австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер.

Австрија очекува дека до крајот на годинава ќе бидат поднесени околу 95.000 барања за добивање азил.