Свет
6. March 2018 - 15:50

Од авион на „Луфтханза“ во Бразил украдени пет милиони долари

Петмина крадци во рок од шест минути украле околу пет милиони долари од авион на германската авиокомпанија „Луфтханза“, соопшти денеска бразилската полиција. 

Кражбата се случила откако авионот на „Луфтханза“, кој полетал од Цирих, пристигнал на аеродромот „Виракопос“ во Сао Паоло. 

Крадците до авионот дошле со пик-ап возила на кој имало лого на безбедносната компанија „Бринкс“, чии вработени претходно ги киднапирале.

Бразилските медиуми јавуваат дека никој од обезбедувањето не е повреден.