Бизнис
20. August 2016 - 14:47

Од април до јуни превезени повеќе патници отколку во првите три месеци

Во вторниот квартал од годинава се превезле повеќе патници во однос на првите три месеци од годинава, но помалку во однос на вториот квартал од годинава.

Според податоците на Државниот завод за статистика,  бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 4,1 отсто во однос на тој период 2015 година. Во приградскиот превоз намален е за 1,3 отсто, во меѓуградскиот превоз за 2,4 отсто, додека во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 8,8 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Во однос на првото тримесечје од 2016 година, бројот на превезените патници во градскиот превоз е зголемен за 5,1 отсто, во приградскиот превоз за 12,5 отсто, во меѓуградскиот превоз за 7,5 отсто, додека во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 17.2%.

Во второто тримесечје од 2016 година, во однос на тој период лани, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 3,5 отсто, во приградскиот превоз за 12,9 отсто, додека во меѓуградскиот 
превоз намалувањето изнесува 6,5 проценти, а во меѓународниот превоз 33,8 отсто.

Во однос на првото тримесечје од 2016 година, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 9,1 отсто, во приградскиот превоз за 2,7 отсто, додека во меѓуградскиот превоз зголемувањето изнесува 8,8 отсто, а во меѓународниот превоз 2,9 проценти.