Свет
30. May 2020 - 10:14

Од 3 јуни Италија ги отвора границите меѓу сите региони

Во Италија нема критични епидемиолошки подрачја, генерално ситуацијата е добра и како што беше планирано од 3 јуни можат да се отворат сите граници меѓу 20-те италијански региони, заклучи Цивилната заштита.

Италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанза изјави дека во некои региони ситуацијата се уште е комплексна, но под контрола, податоците се охрабрувачки, но епидемиолошката ситуација и понатаму ќе се следи.

По отворањето на регионалните граници, остануваат во сила мерките за задолжително носење заштитни маски и физичко растојание од најмалку еден метар. На влезот во рестораните, компаниите и фабриките останува обврската за мерење на температура, а лицата кај кои ќе биде регистрирана телесна температура над 38, ќе бидат под мониторинг и евентуално во самоизолација.