Македонија
21. May 2019 - 8:31

Од 28 исклучени возачи од сообраќај, 27 биле без возачка дозвола

Во Скопје во текот на изминатиот ден се случиле шест сообраќајни несреќи, во кои со тешки повреди се здобиле две, а со лесни телесни повреди четири лица.

СВР Скопје денеска информира дека 38 возачи се движеле со поголема брзина од дозволената со сообраќаен знак, додека исклучени возачи од сообраќај биле 28, од кои 27 немале возачка дозвола.На крстосница девет возачи поминале на црвено светло.

Не прописно паркирани биле 85 возила, а пајакот подигнал 59.