Свет
29. October 2015 - 14:55

Од 25 октомври ниту еден мигрант не ја мина илегално границата кај Кале

Од 25 октомври ниту еден имигрант не ја минал  на илегален начин француската граница кај Кале на пат кон Велика Британија, изјави францускиот министер за внатрешни рабори Бернар Казенев.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, ваквиот резултат францускиот министер за внатрешни работи го поврзува директно со засилувањето на контролата на границата.

- Ние ги мибилизираме нашите сили за да испратиме порака до шверцерите дека повеќе не се поминува преку Кале, изјави Казенев,

На 25 октомври во Кале како засилување беа испратени 460 жандарми и полицајци, со што вкупниот број на припадниците на силите на редот во гардот достигна 1.125 лица, кои се ангажирани во справување со илегалната имиграција и противзаконското поминување на границата, најчесто преку терминалот на тунелот под каналот Ла Манш.

Во Кале во крајно тешки услови живеат околу 6.000 имигранти, кои од таму имаат намера да се префрлат во Велика Британија. Според францускиот министер за внатрешни работи, дневно се регистрираат по околу 1.300 обиди за илегално влегување во тунелот под Ламанш.

Франција најави дека мигрантите кои се во Кале ќе бидат здравствено и санитарно згрижени, а предвидена е и нивна вакцинација; Во моментов на самото место се наоѓаат медицински експерти, кои ќе треба да ја проценат вистинската потреба за здраствената помош на мигрантите.