Бизнис
5. March 2019 - 16:38

Од 1ви јули стартува поврат на ДДВ за граѓаните

Секој граѓанин над 15 години со важечка лична карта ќе може преку телефон да врши поврат  на ДДВ откако ќе се регистрира во системот. 

Тоа ќе можат да го сторат и оние под оваа возраст но  со помош од  родител.

Премиерот Заев очекува проектот  поврат на ДДВ успешно да стартува од први јули. Доцна синоќа имал средба и со минисетрот за финансии Тевдовски  и со директорката на УЈП Лукаревска.

Откако ММФ посочи дека од 15 до 25 проценти од потенцијалните даночни приходи наместо во буџетото завршуваат во сивата економија, премиерот Заев рече дека овој  процентот е многу поголем. Со повратото на ДДВ очекува да се нама,и даночната евазија.

Иако сеуште не се знае дали повратот од 15 отсто ќе се врши од износот на целата сметка или од сумата на ДДВ, Заев очекува  со самиот старт на проектот граѓаните да добијат  меѓу 60 до 100 милиони евра годишно.

Дел од експертите велат дека со повратот на ДДВ граѓаните ќе се мотивираат да бараат фискални сметки. Други пак велат дека проектот ќе биде успешен само ако се користи  современа технологија со која повратот  ќе се прави многу брзо и нема да им одзема време на  граѓаните.

Лани по основ на ДДВ во буџетот биле собрани 800 милиони евра.