Бизнис
9. December 2019 - 16:37

Од 1ви јануари почнува испораката на гас преку турски тек

Од 1 јануари почнува испораката на природен гас од Турски поток – Бугарија  е спремна, Турција ќе се подготвува до 20 декември ,  крак низ  Македонија од рускиот гасовод нема да поминува. Може да се снабдуваме,  но количините се недоволни .  Директорот на Енергетски ресурси, Реџепи, вели дека имаме само еден интерконектор со Бугарија , но со капацитет од само 800 милиони метри кубни. Приоритет, според него е инетрконекторот со грчката Десфа,  со капацитет од 2,8 милијарди метри кубни – количини кои ќе бидат доволни за да се  влијае  и на пад на цената на гасот.

Се уште се работи на студијата од Животна средина, која треба да заврши крајот на март или април, потоа ќе се чека одобрение за градба и на крајот на летото или почетокот на септември ќе се објави повикот за градба. Целосна изгрдаба и поврзување со Грција би иамле некаде во 2022 година, изјави Бајрам Реџепи, директор на МЕР

Проценетата вредност од овој проект изнесува 50 милиони евра, од кои 10 се грант, а останатите кредит од Еврпската Инвестициска банка. Македонскиот дел ќе биде во должина од 78 километри  и ќе оди покрај трасата на постоечкиот нафтовод, од Неготино преку Гевгелија до Грција. Иако Македонија првично беше во игра за Турски Поток,  како замена за Јужен тек, пред 2 години одпадна од игра.

Трасата на Турски поток почнува од Анапа на руското крајбрежје, поминува преку Црно море и излегува на турскиот брег од каде продолжува до Бугарија, грчакат а граница,  Србија, Унгарија и Австрија. Има капацитет од 63 милијарди метри кубни, од кои 14 милијарди се за Турција, а останатите за југоистсочна Европа.