Балкан
20. January 2022 - 13:03

Од 1.800 монаси на Света Гора, 1.000 се заразиле а најмалку 40 починале од Ковид-19

Од вкупно 1.800 монаси на Света Гора, најмалку 40 починале од ковид-19, околу 1.000 се разболеле, а само 500 се вакцинирани, пишува грчкиот весник „Та неа“.

Игуменот од еден од манастирите, архимандритот Вартоломеј за весникот вели дека процените се дека над 40 монаси починале од ковид-19, од кои двајца вчера и додава дека некои монаси се хоспитализирани и приклучени на апарати на интензивна нега.
Весникот пишува дека еден манастир е во карантин, два-три манастири, превентивно се затворени за верниците, а меѓу постојаните жители на Света гора има и 400 монаси од Србија, Романија, Бугарија и Русија, кои категорично одбиваат да се вакцинираат и кога дел од нив се разболеле, побарале лекари од Белград, бидејќи не сакале лекување од грчки лекари.