Македонија
22. January 2019 - 12:24

Од 18 часот се укинува бесплатниот јавен превоз во Скопје

Град Скопје информира дека денеска од 18 часот се укинува бесплатниот јавен превоз по добиените информации од Министерството за животна средина и просторно планирање дека среднодневните концентрации на ПМ10 честички во воздухот се под дефинираниот праг на алармирање од 200 микрограми на метар кубен и оти епизодата со зголемено загадување во текот на два последователни дена е прекината.

Мерките и препораки за намалување на загадувањето на воздухот ќе се воведат повторно доколку се повтори епизодата со загадувањето на воздухот за што граѓаните ќе бидат на време информирани.

И покрај расчистувањето на воздухот, Град Скопје апелира до граѓаните да не ги користат возилата без потреба, повеќе лица да се возат во едно возило, да се користи јавниот превоз, за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал, да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и од отпадоци, а печките на дрва да се користат и одржуваат според упатствата на производителот.