Од 157 казни за брзо возење, 93 прекршоци на автопатот Скопје-Тетово
Во рамки на засилената акциска контрола колку брзо се вози на автопатиштата, вчера полицијата изрече 157 санкции за возачи од кои 93 за прекршоци направени на автопатот Скопје-Тетово. Претходно во саботата беа изречени 88 мерки за возење со брзина поголема од дозволеното.
– Засилената акциска контрола ја спроведоа Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи и полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, истакна портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Помошник министерот за односи со јавноста при МВР, Тони Ангеловски, кој вчера го посети Тетово додека траеше акцијата истакна дека во ноември 2020 споредено со претходниот ноември има намалување на сообраќајните незгоди за 21 отсто, а во декември 2020 споредено со претходниот декември има намалување дури за 23 отсто на сообраќајните незгоди.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата