Бизнис
19. јуни 2019 - 16:17

Од 1 јули стартува владиниот проект за поврат на ДДВ

Од 01 јули стартува проектот поврат на ДДВ за граѓаните. На сметките ќе легнуваат по 15% од платениот данок. Процесот ќе се одвива преку апликација на мибилните телефони. Сите граѓани над 15 години треба да се регистрираат на системот за персонален данок на УЈП, потоа да ја преземат паликацијата Мој ДДВ. Се најавуваат со корисничкото име и лозинката од системот на УЈП, потоа се креира пин и апликацијата е во функција. Ќе функционира на тој начин што граѓанинот треба да го скенира баркодот од фискланата сметка во рок од 10 дена. Исплатата ќе се врши на трансакциска сметка. За граѓаните кои немаат паметни телефони, како и за постарите лица кои имаат проблем со технологијата, УЈП најавува дека скенирањето ќе можат да го вршат во нивните центри.

Ќе може да се скениреаат само фискалните сметки, фактурите за платени комуналии не затоа што кај нив нема евазија. Не може да се скенираат сторнирани и фискални сметки за кои е издадена сметкопотврда. Сметките на износ поголем од 30.000 денари исто така не се скенираат затоа што мерката не важи за лукзуните стоки. Повратот ќе се врши квартално. Максималниот износ кој едно домаќинство може да го добие назад изнесува 28.800 денари.

Според пресметките на Владата на овој начин кај граѓаните ќе се вратат околу 50 милиони евра, а главната цел на прокетот е секој граѓанин да биде даночен инспектор, да бара фискална сметка и на тој начин да влијае на намалувањето на сивата економија кој во моментов изнесува 30%.

Првите пари на сметките на граѓаните ќе легнат во декември за периодот од 01 јули. Потоа повратот ќе се врши квартално – односно во февруари, мај, август и ноември.