Oд 1 декември кесите во маркетите ќе чинат 15 денари
Пластичните кеси ќе се наплатуваат 15 денари, од 1 декември годинава, со што треба да се дестимулира купувањето на ваквите производи кои ја загадуваат околината.
За средствата од продадените пластични кеси, трговците ќе мора да водат евиденција по квартали, а надоместоците ќе треба да ги уплаќаат на посебна сметка на органот за животна средина.
Исто така, од 1 декември 2021 година ќе се забрани за користење пластичното пакување за еднократна употреба во угостителските објекти што се наоѓаат во заштитените подрачја во Македонија. Целокупната законска материја за управување со отпад е обемна, а Европската комисија уште во минатогодишниот Извештај за напредокот на нашата земја кон ЕУ упати критика дека законите за управување со отпад не се донесени.
И покрај тоа што овие закони владата ги усвои на крајот од минатата година, тенкото собраниско мнозинство на власта и блокадата на Собранието на РМ го одолговлечи нивното донесување, пишува Мета.
Ново на Сител
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер