Свет
13. November 2015 - 23:59

Очевидци тврдат дека еден од напаѓачите извикал: „Алах акбар“

15 лица  се убиени во нападот на концертната сала, а три во Stade de France, јавува AFP.

AFP јавува за најмалку 30 мртви во пукотниците во Париз.

Според локалните медиуми на ресторанот „Мала Камбоџа“ биле фрлени три бомби во близина на Плоштадот на Републиката.

Новинарот на  BBC од лице место вели дека на улицата гледа 10 луѓе кои се или мртви или тешко повредени. Според неговите зборови полицијата тукушто стигнала на местото на нападите.

Гардијан пренесе дека загинале најмалку 40 лица.