Македонија
3. August 2016 - 15:21

Очевидци сведочат за трагедијата кај Удово: Загинатите сопружници не ја предизвикале сообраќајката

Автомобилот марка Ауди преминало на левата коловозна лента, а возачот на автобусот за да избегне несреќа преминал во спротивната лента. Сударот во кој загинаа сопружниците и оставија детенце без мајка и татко, бил директен.
 
Како што раскажуваат очевидци за Телеграф.мк, сопружниците кои загинаа на лице-место не ја предизвикале несреќата. 
 
- Автомобилот марка „ауди“ премина на левата коловозна лента. Возачот на автобусот, за да го избегне ударот, отиде на спротивната лента, на која беше возилото „фиат“,  и директно се удрија- вели очевидец на настанот.
 
Од Ургентниот Центар каде се наоѓа седумгодишното детенце пак, велат дека детето бара интензивен третман поради сериозноста на повредите.
 
Седумгодишното дете прво било примено во велешката болница, каде што се пренесени уште тројцата повредени.
 
- Донесено е седумгодишно дете со тешки повреди на градниот кош и на стомакот. Тоа е реанимирано и во живото-загрозувачка состојба е пренесено во Ургентен центар во Скопје. Истовремено се донесени и пациентката Н.С. (37), која има скршеница на колк, и две деца,  девојче на 15 години и момче на 17 години. Тие беа преплашени од сообраќајката, немаат повреди - изјави д-р Петре Кодовски, портпарол на Општата болница - Велес.
 
Сообраќајот беше во прекин на местото на несреќата.