-->
-->
Очекувано вардарци ќе добијат најмногу награди од Сојузот за спортови на Скопје
-->
Вообичаено на крајот на календарската година спортските клубови и федерациите ги сумираат постигнатите резултати, а со тоа ги промовираат и најдобрите спортисти.
Таков е случајот и со Сојузот на спортови на Скопје, кој утре на свеченост ќе ги прогласи најдобрите во главниот град, а на кои ќе доминираат членовите на ракометниот клуб Вардар.
Капитенот на европскиот шампион Вардар, Стојанче Стоилов ќе го понесе признанието за најдобар спортист во сениорска конкуренција, додека неговиот тим кој покрај европската титула, 2017тата година ги освои и шампионските трофеи во регионалната СЕХА лига и разбирливо беше најдобар во домашното македонско првенство, ќе бидат прогласени за најдобра екипа за 2017 година. Тренерот на црвено-црните, Раул Гонзалес е најдобар тренер, а најдобар странски спортист е голманот на Вардар, Арпад Штербик. Доминацијата на вардаровото спортско семејство ќе ка заокружат ракометарките кој играа во големото финале на Лигата на шампиони.
За најдобар млад спортист признанието ќе го понесе каратистот на Макпетрол, Петар Заборски, кој го освои првото место на Универзијадата и Светскиот куп.
Свеченоста на доделувањето на наградите за најдобрите спортисти во град Скопје, за 2017 година, ќе се одржи утре во СЦ „Борис Трајковски“ во 13 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кој ќе ги пишува уставните амандмани?
-
Тема на денот со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска
-
Министерството за здравство без конкретни одговори околу случајот со смртта на 6 годишната Јана
-
Покренато обвинение против Трамп во случајот со исплата на мито за Сторми Даниелс
-
Убиство во казино во скопски Капиштец
-
Ќе ги намали ли Владата бодовите за да скрати од енормно високите плати?
-
Ќе се олеснува преминот на границите меѓу Македонија и Србија
-
Армијата ќе се модернизира со 900 милиони евра