-->
-->
Очекувани победи на ракометарите на Охрид и Пелистер
-->
Двете водечки екипи во Првата машка ракометна лига на Македонија, Охрид и Пелистер забележаа очекувани победи.
Лидерот на табелата Охрид пред својата публика го совлада Пролет со 34-22, додека битолски Пелистер славеше на гостувањето во Автокоманда против Металург-2 и тоа со 35-24.
Во третиот меч од ова 17-то претпоследно коло во прволигашката конкуренција, ГРК Борец – Прилеп 41-39.
Денеска ќе се игра натпреварот меѓу Работнички – Радовиш, а колото ќе биде комплетирано во понеделник со средбата меѓу Вардар Јуниор и Еурофарм Работник.
Табела: Охрид 40 бодови, Пелистер 40, Еурофарм Работник 34, Борец 29, Прилеп 23, Радовиш 22, Пролет 22, Металург-2 18, Вардар Јуниор 14 и Работнички 0.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска