Ракомет
5. November 2017 - 9:33

Очекувани победи на фаворитите во Супер лигата

 
 
 Натпреварите од 7.коло во македонската ракометна Супер лига минаа со очекувани победи на фаворитите. 
 
Лидерот на табелата Пелистер славеше убедлива победа над младиот тим на Вардар Јуниор со 34-23. 
 
Вториот битолски клуб Еурофарм Работник на гости го совлада Прилеп со 19-14. 
 
Ниту пак Охрид немаше проблеми на гостувањето во Велес кај Борец против кој охриѓани забележаа победа со 26-20. 
 
Во последниот меч Пролет беше подобар од Радовиш со 23-17. 
 
Слободен во ова коло беше тимот на Металург 2. 
 
На табелата лидер е Охрид со 12 бодови, пред Еурофарм Работник, Охрид и Пролет со по 10. Следуваат Борец и Радовиш со по 7, еден помалку (6) има Прилеп на на последните две позиции се младинските состави на Металург 2 со 4 и Вардар Јуниор со 3 бода.