Loading Video...
Ракомет
17. December 2018 - 18:45

Очекувана победа на Вардар на гостувањето кај Стеауа Букурешт

 
Во меч од 13.коло, македонскиот и актуелен СЕХА шампион Вардар забележа очекувана победа на гостувањето во Букурешт кај Стеауа со 34-30. Целата работа црвено-црните ја завршија уште во првото полувреме, кое го добија со 9 гола разлика (20-11), а на почетокот на вториот дел имаа и највисоки 12 гола предност (23-11)
 
Вардарци кој на овој меч настапија без петмина стандардни првотимци, до триумф ги предводеше Мартин Поповски со 10 постигнати голови, додека Димитриј Кисељев беше стрелец на 9 гола.
 
Вардар за кој ова беше единаесетта победа во СЕХА, е лидер на табелата со 33 бодови, три повеќе од ППД Загреб кој вечерва ја пречекува Војводина.