-->
-->
Очекувана победа на МЗТ против подлмадените „Соколи“
-->
МЗТ Скопје Аеродром очекувано забележа победа над Карпош Соколи во заостанатиот меч од 12.коло во Првата македонска кошаркарска лига.
На средбата одиграна попладнево, дуелот минатогодишните финалисти им припадна на кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром кои со убедливи 41 поен разлика, односно 101-60 го совладаа подмладениот тим на Карпош Соколи.
Младиот македонски репрезентативец Андреј Маслинко средбата ја заврши со дабл-дабл учинок од 34 поени и 12 скокови, додека Бојан Трајковски постигна 18 поени за победничкиот тим.
Со оваа победа, деветта во првенството, актуелниот шампион се искачи на третото место на табелата со 21 бод, еден помалку од второ пласираниот тим на Блокотехна (22), но дури пет помалку од непоразениот лидер Работнички, кој попладнево славеше на гостувањето кај Фени Индустри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски-Орбан и заедничка владина седница во Охрид
-
УЈП најави строги контроли на претстојните „Денови на кочанскиот ориз“
-
Денеска е Светскиот ден на туризмот
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе ќари ли Бугарија поени откако падна одлука Тирана и Скопје одделно да чекорат до ЕУ?
-
Тема на денот со Игор Митревски, инженер и специјалист за безбедност во сообраќај
-
Орбан пристигна во Охрид
-
Општините да внимаваат како ќе ги трошат парите од унгарскиот заем