Loading Video...
Ракомет
22. March 2018 - 16:54

Очекувана победа на македонските ракометарки проти Фарските острови

Женска ракометна репрезентација на Македонија ја забележа првата победа во квалификациите за ЕП 2018, откако во меч од 3.коло од групата 3 славеше на гостувањето кај Фарски Острови.
 
Иако во првиот дел одиграа под очекувањата особено во нападот, па резултатот на паузата гласеше 7-7, сепак во вториот дел нашите ракометарки потврдија дека се далеку подобар тим од Фарските Острови па на крајот заслужено се радуваа на победата со 22-15.
 
Со 8 голови Сара Ристовска беше најдобар стрелец во нашиот состав, додека Бајрамоска и Керамичиева постигнаа по 4 гола
 
На вториот дуел од нашата група Србија ја победи Шведска со 30-23.
 
Србија сега е прва со 6 бодови, пред Шведска со 4 и Македонија која има 2, додека Фарските Острови се последни без освоен бод.
 
Веќе во недела се играат дуелите од 4.коло во кое Македонија сега ќе биде домаќин на Фарски Острови на средбата во СРЦ „Кале“ која ќе започне од 19 часот.