Oчекувајте дожд и грмотевици попладне
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала доумерена облачност. Попладне во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб доумерен ветер од југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 20 степени, а дневната од 31 до 38 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала доумерена облачност во попладневните часови. Ќе дува слаб доумерен ветер од југозападен правец.
Утринската температура ќе биде околу 19, а дневната ќе достигне до 37 степени.
Во недела во поголем дел од земјава ќе биде сончево и топло, само во западните делови ќе има изолирана појава на нестабилност со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
Од вторник се очекува сончево и уште потопло време со температури на места и над 40 степени.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно
-
Тошковски: Сериозно сум загрижен за изборниот процес
-
Се заокружуваат предизборните коалиции
-
Азески: Економијата да биде приоритет, а политичарите да ги исполнат ветувањата
-
Приватните специјализанти на протест – нема корекција на плати пред избори, им вратија надлежните