Македонија
27. March 2018 - 18:06

Обвинителството поднесе обвинение против 30 лица за настаните од 27 април - едно лице ослободено од обвинение

30 лица ќе одговараат за настаните во Собранието од 27 април. 28 од нив обвинителството ги товари за терористичко загрозување на уставниот поредок, останатите двајца за помагање на ова кривично дело.

Ослободена од вина е единствено пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска, 4-ца осомничени се уште се недостапни за органите на прогон.

По завршување на истрагата, Обвинителството тврди дека акцијата била координирана, а осомничените имале единствена цел- да го спречат изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието.

Меѓу осомничените е и организаторот на настаните во Собранието, кој преку телефонски разговор во 14:30 ја стартувал акцијата, но обвинителството не го откри неговиот идентитет. На 27 април во законодавниот дом бил спречен и обид за убиство на дел од пратениците.

Дали ќе биде прифатено обвинението во следниот период ќе оцени Кривичниот совет. Обвинителтство смета дека и натаму постојат законски основи осомничените да останат во притвор и куќен притвор и побара нивно продолжување.