Обвинителството отвори предмет за паднатата фасада на АД „МЕПСО“
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција следејќи ги написите во медиумите за падната фасада на зградата на АД МЕПСО, денеска отвори предмет по допрен глас. Предметот е распределен кај надлежен јавен обвинител кој издаде наредба до Министерството за внатрешни работи за обезбедување и вештачење на севкупната документација за проектот насловен „Реконструкција и адаптација на зградата“.
Како што соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ќе се испитува дали квалитетот на градбата соодветствува со барањата содржани во јавната набавка, како и за текот на надзорот при спроведување на изведбата. По добивањето и анализа на вештачењето, се посочува, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката.
– Со цел подобрување на енергетската ефикасност, на овој проект се потрошени околу 11 милиони евра буџетски средства, стои во соопштението од Обвинителството.
Ново на Сител
-
Трет ден потрага по Данка, проверка на базните станици и телефоните на родителите
-
Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот
-
Две лица се приведени за убиството на лекарот во Железара
-
Се финализираат коалициите пред почетокот на кампањата за претседател следната недела
-
Во Собранието последна нова седница во овој парламентарен состав
-
Путин: Во Европа го плашат народот дека ќе ги нападнеме, сакаат да им ги земат парите
-
Четворица убиени, петмина избодени во напад во Илиноис
-
Руските сили гранатираа 17 населени места во областа Херсон, две лица загинаа