Македонија
5. October 2015 - 16:40

Обвинителството отвора предмет за случајот Маџар Телеком

Владини функционери на СДСМ и ДУИ од 2005, правни експерти и пратеници од тогашниот пратенички состав се на листата осомничени за предметот Маџар телеком, што јавното обвинителство го отвориле поред две недели, објавува Дневник, повикувајќи се на свои извори во обвинителството. Сите се сомничат за примање поткуп и соучество или посредништво во случајот за кој Во Њујорк се води постапка. Според изворите на дневник во предметот оформен во Македонија се сите лица кои биле сведоици или се споманти во процесот што за овој случај се води во САД. Во текстот нема потврда од обвинителството за имињата за кои е покрената истрага, но се споменуваат истите кои измиатиов период беа најчесто во јавноста.

Иако во Македонија еднаш беше покрената постапка з апредметот Маџар телеком и неговата повластена позиција и кој не заврши со покренување конкретни обвиненија, од обвинителството посочиле дека не постојат законски пречки тој предмет повторно да се обнови.

Во македонската јавнос извесен период се води општа дебата за тоа кој се и како примал мито од тогашното раководство на Маџар Телеком за да остане со доминантна и поволна позиција на телекомуникацискиот пазра во Македонија.

Во послендта емисија на Миленко Неделковски на Канал 5, гостите оценија дека случајот Маџар телеком е далеку поголем скандал од бомбите на опзоицијата.

Имињата на поранешните министри од СДСМ се главните во сите докази пред судот во Њујорк, потенцираат учесниците.

Инаку, судот во Њујорк се води завршната фаза од  процесот кој го покрена тамошната комисија за хартии од вредност за исплата на милонски суми поткуп на тогашните функционери на СДСМ и ДУИ.