Македонија
21. September 2018 - 16:06

Обвинителството оформи предмет за случајот ,,Скопјанка‘‘

Обвинителство отвори предмет за случајот Скопјанка. Ќе постапат по допрен глас бидејќи како што соопштија во станот поради кој беа евекуирани сите станари, живее семејство со едно малолетно дете во исклчително лоши хигиенски услови. Обвинителство ги повика надлежните институции да утврдат дали детето било запоставено.

„Во таа насока , Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба до СВР-Скопје да ги направи сите неопходни проверки со родителите на детето. Воедно, од Центарот за социјални работи на Град Скопје беше побарано да формира стручен тим, кој ќе изготви детален извештај за семејството во кое живее детето. Тимот ќе треба да провери дали семејството до сега било пријавувано во Центарот, дали било интервенирано од нивна страна и дали има пропусти во грижата на родителите за развојот на детето.

Центарот за социјални работи не бил надлежен за случајот  СКопјанка. Ги отфрлуваат  обвинувањата од таткото на децата кои живеат во станот на 64 годишната жена ,  дека поднел барање за предоверување на старателство. Директрорката вели тој требало да се обрати до  судот а не да испраќа писмени известувања  до нив.

Таткото вчера јавно ја повика министерката за труд и социјална политика и обвинителството. Тврди дека до сега многу пати реагирал.

За лицето кое престојувало  во подрумот од оваа зграда каде складирало шишиња со урина, од центарот велат тие не се надлежни бидејќи лицето било  примател на пензија.

Специјален тим од АРМ утврди дека непријатната миризба се ширела од амонијак од урина во искористените пелени кои беа пронајдени во станот на пензионерката. ? Станарите од зградата  изразија сомнеж дека остриот мирис се ширел оттаму и сметаат дека се работи за нешто друго.