Македонија
14. December 2018 - 16:09

Обвинителството не размислува за преквалификација на делото, Русковска не го видела предлог законот за амнестија

Обвинителката во предметот „27 април“ не размислува за прекфалификација на кривичното дело за кое се гонат 33-цата обвинети.. Вилма Русковска вели дека од изведените докази не се сомнева оти обвинетите не треба да одговараат за терористичко загрозување на безбедноста и уставниот поредок.. Таа не го коментира законот за помирување кој се подготвува во собранието, вели дека не знае кои кривични дела ги опфаќа законот за амнестија..

Судењето за „27 април“ продолжи со дополнителни докази на обвинителство.. Се читаа пораки од телефонот на обвинетиот Јохан Тарчуловски.. Во вибер групата „Пратеници 2017“, претпладнето на 27, Антонио Милошоски пишува дека СДСМ ќе избира претседател на собранието тој ден или наредниот, во работно време, кога нема луѓе на улица.. Комуникацијата меѓу пратениците продолжува попладне..

-Луѓе да одиме горе

-Седете во сала

-Ова излезе од контрола треба некој да превземе нешто

-А Иванов?

-Имаме некакви насоки?

-За сега нема. Чекаме

Осум месеци по собраниските настани од 27 април, во вибер групата на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, тие разговарале дека е неопходно да интервенира претседателот на државата.. Сметале дека само Тој може да разреши како што напилшале „лудилото“..

Во исто време Тарчуловски водел и комуникација со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, открива вештачењето на неговиот телефон.. Разговарале дека без ослободување на притворените за настаните од 27, е срамно пратениците да се вклучат во работата на собранието..

Судењето за 27 април продолжува идната недела со дополнителни докази на дел од обвинетите..