Македонија
30. September 2021 - 21:33

Обвинителството и полицијата го истражуваат случајот „Прв извиднички камп“

Првиот скопски извиднички одред, ги смета за извадени од контекст сведоштвата на родители за секс-игрите на кампот организиран минатиот викенд. Во своето соопштение, извидничкиот одред наведува дека жали за за ситуацијата. Велат настанот бил традиционален и никој претходно немал поплаки за кампот чија цел била спојување на рок музиката, извидничките вештини и сексуалното образование.

„Нашиот настан не претставува никаква манифестација на неморал, блуд или сексуално вознемирување. Сметаме дека многу делови од игрите се погрешно протолкувани“

Од „Меѓаши“ ги повикуваат институциите да го истражат случајот, но и апелираат до родителите за внимателност. Во тема на денот, Змијанац, вели мора родителите да знаат какви активности ќе имаат нивните деца кои посетувале такви настани..

Што се случувало во извидниот дом во Градовци, истражува Обвинителството. ПОбарло од полицијата да ги повика на разговор организаторите на настанот, но како што велат, законот не дозволувал да се споделат детали бидејќи било предистражна постапка.

Во меѓувреме, градот Скопје се огради од активностите на Извидничкиот одред и го прекина договорот бидејќи претходно  финансирал нивни проекти.

За настанот и за шокантните сексулани активности, за Слободен Печат, проговори родител на едно од децата кои учествувале во кампот во кој имало 32 средношколци од Скопје. Според тврдењето, малолетниците соблекувале делови од облеката и симулирале секс пози.