Македонија
1. March 2019 - 16:25

Обвинителството бара притвор за убиецот од Струга

Вистинска драма се случувала синоќа на локалниот пат помеѓу струшките села  Делогожда- Поум, на место викано „Кодра бум“.23 годишниот  Зулфи Биба и неговиот татко на само 100тина метри од селото каде живееле биле пресретнати од Урген Весели.

Тие веднаш излегле од возилото и со секири тргнале кон него бидејќи од порано имале нерасчистени односи по што  22 годишното лице започнало да пука најнапред со пиштол а потоа и со ловечка пушка . По извршување на делото, осомничениот се дал во бегство, а потоа самиот се пријави во полициска станица.

Од случајни минувачи повредените биле пренесени во Медицински центар Струга каде кај Зулфи била констатирана смрт, додека неговиот татко Велиз со две прострелни рани во грбот и слабината  е опериран и задржан на лекување.

Инаку од страна на надлежниот јавен обвинител поведена е постапка за кривични дела Убиство и Недозволено изработување, држење и тргување со оружје и предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице.