Македонија
30. October 2020 - 19:56

Обвинителството бара да и се одземе пасошот на Лидија Димова

Лидија Димова и тројца нејзини соработници од денеска официјално под истрага на јавното обвинителството.

Директорката на националната агенција за европското образование се гони за измама на средства од ЕУ и злоупотреба на службената положба и овластувањата. 

За измама осомничен е и Зоран Златковски сопственик на спорната фризерница, а осомничен е и еден надворешен соработник, како и благајничката во националната агенција. 

Се бараат мерки за да се обезбеди нивното присуство во понатамошната постапка.

Обвинителството му предложи на судот на осомничените да им определи мерки на претпазливост и тоа обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патните исправи или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело, велат од ЈО.

Бидејќи обвинителитите не бараат мерка притвор се очекува распитот да се случи во понеделник.

Финансиската полиција кривичните пријави ги поднесе вчера, а се однесуваат на проневера од над 400 илјади евра.