Македонија
9. October 2019 - 12:24

Обвинителство отвори случај за Mеѓународниот сојуз на Боки 13

Државниот обвинител Љубомир Јовески откри дека обвинителството отвори нов случај поврзан со Меѓународниот сојуз на Боки 13. Осомничени се пет лица, а постапка се води и против едно правно лице. 
 
Според Јовески, се гонат за кривични дела перење пари, измама и помагање.
 
Од обвинителството за гонење организиран криминал и корупција велат дека еден од осомничените е во притвор, за едно лице се бара притвор, а за три мерки на претпазливост.
 
Зоран Јаневски