Македонија
28. March 2017 - 17:21

Обвинителот Зврлевски бара нов закон кој прецизно ќе дефинира кој смее да прислушува

Нелегалното прислушување ја доведе Македонија во криза истакна  јавниот обвинител Зврлевски на отварањето на меѓународната конференција на обвинители во Скопје. Поради овие причини во Македонија мора да се донесе нов и подобар закон кој прецизно ќе дефинира кој се може да г следи комуникациите за да се избегнат злоупотребите .Според Зврлевски примената на овие мерки  претставува предизвик со кој се повеќе се соочуваат јавните обвинители. Тој смета дека е проблем што во моментов следењето го врши исклучиво МВР иако Законот овластува и други државни институции.

-Прекуменрното користење на ова исклучително ефикасно средство за борба против организираниот криминал, корупцијата и тероризмот од една страна, но и средство со кое директно се задира во основните човекови права од друга страна, се почесто се злоупотребува. Сведоци сме на обелоденување на тешки злоупотреби на агенциите за разузнавање на овој вид опрема и нивно незаконско користење најчесто со политички цели. Токму нелегалното следење на комуникациите во Република Македонија придонесе нашата држава да се соочи со сериозна општествена криза“Иако со измените во законот во 2013 обвинителот доби овластувања самиот да спроведува ПИМ или под негова контрола ваквото законско решение тврди Зврлевски дека останало само на хартија.

Од аспект на начинот на справување со организираниот криминал Македонија ги следи глобалните трендови истакна претседателот на врховниот суд. Според  него посебните истражни мерки се ефикасен правен инструмент во борбата против овој вид криминал.

На мешународната конференција на тема  Следење на комуникациите – законска рамка и искуства и улогата на јавниот обвинител која се одржува во СКопје присуствуваа обвинители од Словенија, Босна и Херцеговина, Русија, Турција, Бугарија,  Албанија и Косово. тема  Следење на комуникациите – законска рамка и искуства и улогата на јавниот обвинител која се одржува во СКопје.