Македонија
15. August 2019 - 16:05

Обвинителот на СЈО Рустеми утре пред Јавното обвинителство - денеска исказ даде шефот на кабинетот на Јанева

Бурим Рустеми, обвинителот од СЈО, наместо денеска утре ќе се појави на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал во врска со случајот “Рекет”.

Наместо него, Јавното обвинителство денеска го посети шефицата на кабинетот на Катица Јанева. Таа е трет вработен во СЈО кој дал исказ во рамките на истрагата за случајот “Рекет”. Иако најавено дека оваа недела на распит ќе се појави и нејзината препоставена, од Обвинителството не наведуваат кога ќе биде распрашана Јанева.

На повикот од претседателот Пендаровски сите прозвани во случајот “Рекет” сами да се јават во Обвинителството, вицепремиерката порачува дека институциите ќе си ја завршат својата работа, а политичка заштита ќе нема за никого.

Според ВМРО ДПМНЕ, истрагата за Рекет е компромитирана, а постапката се развлекува.

Во меѓувреме, Владата го продолжи договорот со советникот на премиерот Заев, Зоран Башановиќ, за кого се шпекулира дека е вмешан во случајот “Рекет”. Договорот им е продолжен на сите четворица советници од Србија.

„На надворешните соработници Владимир Цветковиќ, Зоран Башановиќ, Љубомир Шубара и Александар Обрадовиќ договорот им е продолжен на една година, со истите износи како и досега“, велат од Владата.   

За своите услуги Башановиќ ќе добива илјада и 500, додека останатите тројца по илјада и 200 евра месечно.